Лесен ждреб за фаворитите во ЛЕ

од Vlatko K

Веќе станаа јасни сите 1/8-финални парови во Лигата на Европа. Седиштето на УЕФА во Нион
традиционално беше домаќин на настанот, а ждребот ги размина речиси сите поголеми фаворити
за трофејот.

Од големите имиња, Интер го доби наизглед најсилниот ривал во лицето на освојувачот на Купот на
Германија – Ајнтрахт Франкфурт.

Ждреб за 1/8-финале во Лигата на Европа, сезона 2018/2019:
Челзи – Динамо Киев
Ајнтрахт Франкфурт – Интер
Динамо Загреб – Бенфика
Наполи – Салцбург
Валенсија – Краснодар
Севиља – Славија Прага
Арсенал – Рен
Зенит – Виљареал

Во оваа фаза на турнирот, важеше исклучокот дека тимовите од Украина и Русија не можеа да
играат едни против други поради политички причини. Затоа ждребот започна од Динамо Киев, кој
му беше доделен Челзи за ривал (во овој случај, топчињата со имињата на Зенит и Краснодар беа
отстранети од садот).

Од тој момент, ждребот беше целосен и секој можеше да падне против секој противник.
Првите дуели од 1/8-финалната фаза ќе се играат на 7 март, а реваншите се закажани една недела
подоцна на 14-ти.

Финалето на турнирот ќе се одигра на 29 мај, а неговиот домаќин ќе биде Олимпискиот стадион во
Баку, Азербејџан.

Слични содржини