Лесни салати совршени за вечера

Правилото да се вечера до шест часот одамна е застарено. Тоа повеќе не му одговара на модерниот и брз начин на живот. Него можете да го замените со неколку едноставни правила: вечерајте три часа пред спиење, исфрлети ги јагленхидратите, немојте да јадете пред телевизор, внимавајте на големината на порцијата и бирајте лесни салати.

Ви нудиме избор од неколку лесни салати. Зачинете ги со масло, сок од лимон, сен, јогурт, а она што е најважно е дека нема да чуствувате тежина во стомакот.

Салата со сенф

Состојки:
– 260 гр. зелена салата
– 3 домати
– 2 краставици
– 1 кромид
– коријандер
– магдонос
– 2 чешниња лук
– 1 лажица сенф
– 80 гр тврдо сирење
– сол и бибер по вкус

Подготовка
Зеленчукот убаво измијте го. Салатата искинете ја со раце. Исечете ги краставиците, доматот и кромидот. Нарендајте сирење. Имешајте го сирењето со јогуртот, сенфот и испасираниот лук.
Измешајте ги сите состојки во длабок сад за салата. На крајот зачинете по вкус.

Салата со пилешко и соја сос

Состојки:
– 1 домат
– 1 краставица
– 200 гр. билешко бело месо
– 1 супена лажица соја сос
– 100 гр. зелена салата
– 1 чешне лук
– маслино масло по желва
– сол и бибер

Подготовка:
Белото месо исечете го на парчиња. Маринирајте го во соја сос и лук 20 минути. Потоа испржете го додека не стане златно кафено.
Измијте ја салатата, искинете ја со раце и ставете ја во длабока чинија. Исечете ги краставицата и доматот, и ставете ги во чинијата.
Зачинете по желба.

Салата со туна од конзерва

Состојки:
– 2 краставици
– 4 омати
– 250 гр. грашок од конзерва
– 200 гр туна од конзерва
– 1 кромид
– 2 супени лажици лимонов сок
– 1 супена лажица маслиново масно
– сол, бибер и италијански зачини по вкус

Подготовка:
Измијте го зеленчукот. Краставицата и доматот исечкајте ги на мали парчиња.
Исцедете ја течноста од грашокот и ставете го во длавок сад за салата заедно со краставицата и доматот. Туната издробете ја со вилушка и додадете ја/
Украсете со кругови кромид. Зачинете со масло, лимонов сок, соја и зачини.

Салата од пилешко и маслинки

Состојки:

– 2 јаболки
– 3-4 краставици
– пилешки гради
– 5-6 маслинки
– 3 супени лажици немасен јогурт
– сол и бибер по вкус

Подготовка:
Изрендајте го јаболките или ситно исечкајте ги. Исечкајте ги краставиците.
Пилешкото обарете го и произволно исечете го. Маслинките исечете ги на половина/
Измешајте ги сите намирници. Зачинете со јогурт, соја и мелен бибер.

Фитнес салата од пилешко филе

Состојки:

-300 гр пилешко филе
– 1 краставица
– 1 домат
– 1 бабура
– 2-3 супени лажици пченка од конзерва
– 1 супена лажица јогурт
– копар, сол и бибер

Подготовка:
Исечкајте ја краставицата на ленти, а доматот и бабурите на ситни коцки.
Филето обарете го, а потоа исечкате или искинете долж влакната.
Измешајте ги сите состојки. Зачинете по желба.

Салата од лосос

Состојки:

– 150 гр зелена салата
– 1 домат
– 1 краставица
– 250 гр филе од лосос
– 20 гр сенф
– 20 гр мед
– 20 гр соја сос

Подготовка:
Искинете ги листовите салата, исечете ги краставицата и доматот.
Измешајте соја сос, сенф и мед, посолете доколку е потребно.
Филето исечете го на парчиња. Испржете ги малце на маслиново масло. Сите намирници измешајте ги и зачинете со сосот од мед и сенг. Додајте бибиер по вкус.

Слични содржини