Лесно нè победуваат, призна Тухел по поразот од Саутемптон

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Челси, Томас Тухел не го криеше разочарувањето по поразот од Саутемптон со 1:2. „Сините“ од Лондон дозволија пресврт при гостувањето на „Сент Мерис“ и се наоѓаат на осмото место во табелата во Премиер лигата.

„Речиси на секој натпревар почнуваме добро, но очигледно е дека ни недостига концентрација и постојаност во акциите. Се обидуваме да најдеме решение за овие проблеми. Мразам да губам, и тоа се повтори. Мислам дека не е потребно многу за да нè победат. Не ми се допаѓа тоа“, изјави Тухел.

„Сакаме да победуваме и треба што е можно побрзо да откриеме што не е во ред. Не разбирам зошто дојдовме во ситуација со толку повредени играчи во средниот ред. Во првите 20 минути создадовме неколку шанси и со многу труд постигнавме гол. Ова не е ново за нас, но не значи дека треба да губиме натпревари. Можеме да победиме со 1:0“, продолжи германскиот стручњак.

„Не е доволно да се игра на високо ниво 20-25 минути. Премногу лесно се исфрламе од рамнотежа и се збунуваме. Едноставно е, истото се случи и против Лидс. Разочаран сум од недостатокот на реакција од нашата страна во вториот дел“, додаде Тухел.

Слични содржини