Лестер бара 14 милиони фунти за Роџерс

од Vladimir Zorba

Лестер Сити ќе бара надомест од 14 милиони фунти од секој клуб во Премиер лигата кој ќе изрази интерес за тимскиот менаџер Брендан Роџерс, објави „Телеграф“.

Износот е значаен, бидејќи Роџерс е категоричен дека нема намера да го напушти „Кинг Пауер“ стадионот.

„Во однос на поддршка, Лестер можеби не одговара на некои од најголемите клубови во оваа земја. Меѓутоа, кога сте среќни во клубот и имате група на луѓе со кои сакате да работите, тогаш не гледам смисла да барате нешто вакво на друго место. Верувам дека можеме да постигнеме многу со Лестер“, рече Роџерс на прес-конференцијата посветена на натпреварот со Евертон.

Менторот се најде на списокот на Арсенал, откако лондонскиот клуб се раздели со Унаи Емери во петокот. Под водство на Роџерс, Лестер е втор во Премиер лигата по одиграни 13 кола. „Лисиците“ заостануваат зад лидерот Ливерпул со осум поени.

Слични содржини