Летало на НАСА сними нешто чудно на Јупитер

од Stefanija Kuzmanovska

Новите податоци од мисијата „Јуно“ на НАСА на Јупитер покажуваат дека настануваат таканаречени плитки молњи на најголемата планета во Сончевиот систем.

Плитките молњи се невообичаена форма на електрично празнење од облаци кои содржат воден раствор на амонијак, додека молњата на Земјата потекнуваат од облак со вода.

Научниците исто така откриле дека жестоките грмотевични олуји, по кои Јупитер веќе долго време е познат, можат да формираат град кој е богат со амонијак, кој експертите го нарекоа mushballs.

Се верува дека овој вид град град собира амонијак и вода од горната атмосфера и ги пренесува до атмосферските длабочини на Јупитер, пишува НАСА.

 

Слични содржини