Летало се урна во Загреб, пронајдени два падобрани (ВИДЕО)

од Milan1

Силен тресок синоќа нешто по 23 часот се слушна во Загреб, а хрватските медиуми јавуваат дека на земјата е видлив голем кратер и дека очигледно нешто удрило во земјата и експлодирало.

Хрватската полиција излезе со официјално соопштение.

„Полициската управа на Загреб вчера (10.03.2022 година) по 23 часот добила повеќе пријави од граѓани дека почувствувале детонација на поширокото подрачје на Јарун, на која и претходел пад на објект од воздух.

На местото на пријавата итно биле испратени полициски патроли и констатирале кратер на зелената површина на адреса „Јарунска бб“, додека на поширокото подрачје пронашле два падобрани за што исто така претходно добивме пријави од граѓани.

Полициски службеници обезбедија се потесен и поширок простор на местото на настанот каде што се води увидот, со учество на сите надлежни служби.

Полицијата засега нема пријави за повредени на поширокото подрачје на местото на настанот. Оштетени се неколку паркирани возила.

Исто така, на терен полициски екипи се специјализирани за справување и реагирање на ваков тип на настани и во моментов нема причина граѓаните да бидат вознемирени.

Ги повикуваме медиумите одговорно да известуваат во јавноста и да презентираат проверени информации добиени од надлежните служби, со цел да се спречи ширење на дезинформации.

Апелираме до граѓаните да не споделуваат видеа/фотографии од местото на настанот преку социјалните мрежи. Доколку се најдете во полициската зона, ве молиме следете ги упатствата на полициските службеници“ се вели во соопштението на Хрватската полиција.

Полицијата континуирано ќе објавува информации кои се фактички потврдени“, се вели во соопштението на полицијата.

Претходно имаше информации дека авион паднал на загрепски Јарун. Неофицијални информации се појавуваат дека во текот на истрагата било утврдено дека на делови од авионот има петкраки ѕвезди и натписи на руска кирилица, но официјална потврда за тоа нема.

Паднаа два падобрани?

Како што пишува Индекс.хр според неофицијални и непотврдени информации, видени се два падобрани. Едниот, според читател на Индекс, е на влезот во СРЦ Јарун, а другиот, се чини, го симнале полицајци од дрВо поблиску до улицата Јарунска, на повеќе од километар од местото каде што останал голем кратер во земјата.

Слични содржини