Летово ќе може да одиме на одмор во Грција, но под еден услов

од Берта Китинска

Патување за време на пандемија во Грција ќе биде  под нови околности создадени од вакцината против Ковид-19.

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис во интервју за Прототема изјави дека има две категории патници – оние кои биле вакцинирани и тие кои не се. Имено вакцинираните повеќе нема да треба да бидат тестирани или ставани во карантин туку по пристигнување само ќе треба да покажат документ за вакцинација.

Теохарис вели дека сертификатот во дигитална форма може да го побара секој орган, национален или друг, но додаде дека нема детали како ќе се издава и како ќе се признава меѓу земјите затоа што тоа се уште се договара на ниво на Европската Унија.

За оние кои не се вакцинирани, ќе има проширени алатки за гранична контрола, а мерките ќе зависат од текот на вакцинацијата по земја, но и од текот на болеста кај секоја од нив.

Слични содржини