Левандовски добил смртни закани, тврди полско издание

од Vladimir Zorba

Роберт Левандовски, кој се врати во Минхен, добил бројни закани на социјалните мрежи, меѓу кои и смртни, пренесе WP SportoweFakty. Според полското издание, тоа е причината поради која фудбалерот се вратил сам во Германија, а не со семејството.

Лева до сега беше на одмор со сопругата Ана и нивните две ќерки, но поради упатените закани беше одлучено само играчот да отпатува назад во Германија.

Утринава 33-годишниот стрелец беше на превентивен лекарски преглед пред почетокот на подготовките.

Слични содржини