Левандовски: Гласините за Реал ми попречуваат во работата

од Vladimir Zorba

Најдобриот стрелец на Баерн Минхен, Роберт Левандовски зборуваше за гласините кои го испраќаат кај европскиот шампион Реал Мадрид.

„Ние сакаме да освоиме сѐ можно. Не би било сензација ако Баерн Минхен ја освои Лигата на Шампионите“, прокоментира полскиот снајперист за списанието „Кикер“.

Авторот на 20 гола во Бундеслигата досега зборуваше за неговата иднина. Како што е познато, тој има договор со баварскиот колос до 2021, но е премногу често поврзуван со Реал Мадрид.

„Во моментов воопшто не размислувам за тоа. Ако сега како играч на Баерн мислам за шпекулациите поврзани со Реал, тоа нема да е добро за мене. Оти така нема да можам да се фокусирам на работата. Јас сум играч на Баерн и сакам да дадам сѐ од себе тука. Ова е мојот прв приоритет“, додаде Левандовски.

Слични содржини