Левандовски головите и ги посвети на сопругата

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски ја продолжува одличната форма од стартот на сезоната. Не престанува да погодува за својот нов клуб, постигнувајќи „хет-трик“ синоќа против Викторија (Плзен) (5:1) во Лигата на шампионите.

Овие голови и ги посвети на сопругата која има роденден.

„Од самиот почеток знаев дека морам да се прилагодам на тимот од првиот натпревар. Луѓето зборуваат за головите, но важно е да му помогнам на тимот на секој можен начин, бидејќи моите соиграчи ми помагаат многу, и на и надвор од теренот. Со асистенции најважно е тајмингот на додавањето и тоа беше перфектно од моите соиграчи. Не е важно кој ќе даде гол, важно е да победиме. Денеска и е роденден на мојата сопруга, затоа овие голови се за неа. Тоа што таа беше на стадионот на нејзиниот роденден значи многу. Тоа е нешто неверојатно за мене“, изјави Левандовски.

Слични содржини