Левандовски изедначи рекорд стар 40 години

од Vladimir Zorba

РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ го постигна својот 40-ти сезонски погодок на натпреварот помеѓу Фрајбург и Баерн (1:1 на полувреме).

Полскиот напаѓач од пенал во 26. минута го донесе гостинскиот тим во водство и израмни 40-години стар рекорд во Бундеслигата.

Легендарниот Герд Мулер до оваа сезона беше единствениот фудбалер кој постигнал 40 гола во една сезона, а тоа успеал да го стори во сезоната 1971/1972.

Сега Левандовски го израмни рекордот на 28 одиграни натпревари, па дури и може да го сруши затоа што во последното коло Баерн го пречекува Аугсбург.

Левандовски оваа сезона постигна 47 погодоци и девет асистенции во сите натпреварувања.

Слични содржини