Левандовски изгубил мотивација од непозната причина

од Vladimir Zorba

Токму во најважниот дел од сезоната, Роберт Левандовски изгубил желба за игра поради нејасна причина, тврди „Bild“.

Напаѓачот на Баерн (Минхен) не личеше на себе си против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, што влијаеше врз резултатот – 1:2. Според изданието веќе две недели наваму напаѓачот изгледал демотивиран на тренинзите, што веднаш се виде на теренот. Ова беше причината зошто тренерот Хајнкес одржал посебен разговор со него.

„Ние веќе долго време разговараме со Роберт“, рече тренерот.

„Се надевам дека тој ќе го даде својот одговор со својата игра на реваншот во вторникот. Оној кој не ги искористил шансите, потоа треба да трпи критиките по своја адреса“.

Речиси сигурно, Левандовски нема да биде во денешниот натпревар на Баерн Минхен против Ајнтрахт (Франкфурт) во Бундеслигата.

Мечот на „Алијанс арената“ почнува од 15:30 часот.

Слични содржини