Левандовски: Ќе освоиме трофеи, сигурен сум во тоа

од Vladimir Zorba

Новиот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски уште еднаш изрази уверување дека тимот ќе освои титули и покрај тешкиот старт во Примера против Рајо Ваљекано (0:0).

„Мислам дека беше доволно време Барса да биде без трофеј. Сигурен сум дека ќе освоиме неколку“, изјави полскиот напаѓач во интервју за „LaLiga World“.

„Кога првпат дознав дека Барселона е заинтересирана да ме донесе во тимот, веднаш помислив дека ова е совршен момент и за мене и за клубот“, смета Левандовски.

„Не сакав цела кариера да ја играм само во една лига. Во Бундеслигата сè беше совршено за мене, стекнав непроценливо искуство, но знаев и дека заминувањето во Ла Лига ќе биде чекор напред за мене“, признава Левандовски.

Слични содржини