Левандовски стана трет најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите

од Stefanija Kuzmanovska

Актуелниот европски шампион Баерн Минхен синоќа во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите во Рим славеше против Лацио со 1: 4 и со тоа практично го обезбеди пласманот понатаму.

Автор на водечкиот гол за баварскиот тим од 9-та минута беше Роберт Левандовски, кој со тој погодок испиша историја.

Имено, феноменалниот Полјак го надмина легендарниот Раул Гонзалес по бројот на постигнати голови и стана трет најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување.

Левандовски сега има 72 погодоци, а пред него се само Лионел Меси со 119 погодоци и Кристијано Роналдо со 134 погодоци.

Слични содржини