Леви: Не би го пуштил Почетино во Јунајтед ни за 50 милиони фунти

од Vladimir Zorba

Претседателот на Тотенхем – Даниел Леви, изјави дека не би го пуштил менаџерот на тимот Маурисио Почетино во Манчестер Јунајтед дури и за 50 милиони фунти.

Тој им кажал на блиските пријатели дека не сака да го пушти Почетино за ниедни пари на светот. Името на Аргентинецот е исто така поврзано со премин во европскиот клубски шампион – Реал Мадрид.

Медиумите во Англија не запираат да шпекулираат дека токму Аргентинецот ќе биде новиот тренер на „црвените ѓаволи“ по крајот на сезоната, заменувајќи го привремениот тренер Оле Гунар Солскјер. Откако го замени Жозе Мурињо во декември, Норвежанецот ги освои сите пет натпревари на чело на тимот, што е рекорд за тренер дебитант.

Тотенхем го пречекува Манчестер Јунајтед на „Вембли“ утре (13-ти јануари) во клучна средба од Премиер лигата.

Слични содржини