Левица: ДУИ предлага Закон за даночни и царински ослободувања на „Бехтел и Енка“ во скратена постапка

од Nikola Popovski

Левица денеска соопшти дека претседателот на Собранието, Талат Џафери закажал итна седница за понеделник, на која, како што велат од партијата, власта по скратена постапка сака да протне девет предлог закони, поврзани со коридорите 8 и 10 Д.

Според Левица, „со овие предлог-закони, номинираниот стратешки партнер „Бехтел и Енка“, како и сите учесници во овие проекти ќе добијат бројни даночни, царински олеснувања и дополнителни народни пари и привилегии“.

-Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес се овозможува ослободување од данок на додадена вредност (со право на одбивка на претходен данок) и акциза на енергенти за прометот на добра и услуги кој е извршен кон Инвеститорот од страна на Стратешкиот партнер, како и прометот кон Стратешкиот инвеститор за цели на проектот од овој закон. Исто така, со предлозите се предвидува ослободување од данок на додадена вредност, увозни давачки и данок на моторни возила („pick-up“ возила) на увозот кој е извршен од страна на Стратешкиот партнер за целите на овој проект, стои во соопштението од партијата на Апасиев.

Слични содржини