Левица: На ВМРО-ДПМНЕ му е проблем да биде со ДУИ во Влада, а совршено функционираат во советите на општините

од Nikola Popovski

Партијата Левица денеска порача дека со влегувањето на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, само партијата на Димитар Апасиев ќе остане како партија која не влегувала или излегувала од владеачкото мнозинство.

-Тоа е силен аларм на нашата демократија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ имаше многу променливи изјави во последната година. Имаше решенија, потпишани изјави на нотар и дека не ги прифаќаат уставните измени под бугарски диктат. Членството на партијата ја следи ситуацијата, но јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ има своја улога на исполнувањето на софиската платформа, рече портпарлот на Левица, Амар Мециновиќ.

Тој истакна дека иако сега на ВМРО-ДПМНЕ му претставува проблем да биде со ДУИ во Влада, „совршено функционираат како партнери во советот на општина Велес“.

Мециновиќ порача дека Левица е за влез на Македонија во ЕУ.

Слични содржини