Левица одбива да испрати свој човек во работната група за уставни измени

од Nikola Popovski

Левица денеска соопшти дека до партијата пристигнало барање од Министерството за правда за номинација на претставник во работната група за уставни измени, но дека одбиваат да испратат свој човек кој ќе учествува во дебатата и подготовката на амандманите.

-Партијата одлучно и со индигнација ја одбива поканата за учество во т.н. работните групи за најавената повторна насилна промена на Уставот, истакнуваат од опозициската партија.

Од партијата на Димитар Апасиев велат дека „е потребна одбрана на државата и македонските национални интереси“ и посочуваат дека „во нивна одбрана Левица ако треба ќе застане и сама“.

Претходно учеството во работната група го откажаа ВМРО-ДПМНЕ, ДС и СПМ, а Алтернатива на Африм Гаши го условува со барање за политички консензус и изјаснување на останатите партии околу нејзиниот предлог-амандман за борба против политичката корупција.

Слични содржини