Левица: Се враќаат мрачните времиња на ВМРО-ДПМНЕ, ги тужат нашите советници

од Nikola Popovski

Како во најцрните времиња на груевизмот, мијалковизмот со тужби и замолчување на јавни функционери и политички неистомисленици, денес бевме на суд бидејќи пред извесно време објавивме реакција и обелоденивме пред јавноста каде се трошат парите на граѓаните од општината, соопштија денеска од битолскиот огранок на Левица.

Со адвокатот Александар Димитријевиќ, од Левица доставиле докази до судот со кои ја деаргументирале нивната тужба за клевета против советниците од Левица.

Во прилог доставиле сметка на која потписник е Заменик Градоначалникот Бојкоски каде јасно се гледа како е трошен општинскиот буџет.

„Во период од 20 јануари 2022 до 02 ноември 2022 Општина Битола потрошила близу 1 322 207 денари за ресторански и хотелиерски услуги“, велат од партијата.

Следното рочиште е закажано за 05 јули.

Слични содржини