Левица: Власта троши 450.000 евра за морски плодови, а гласа против минимална плата од 500 евра

од Nikola Popovski
14 прегледи

Партијата Левица повторно го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека „додека ја замајува јавноста за некаков економски бум, а граѓаните секојдневно се соочуваат со нови ценовни шокови – пратениците од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ не гласаа за предлогот на Левица за минимална плата од 500 евра“

Левица овој предлог-Закон го поднесе на барање на синдикатите, но за жал, како што велат, со Македонија владее анти-работничка и авторитарна партија која единствено слугува на крупниот капитал.

-Двојните стандарди и лицемерието на оваа отуѓена влада е уште поголемо ако се има во предвид дека само во месец мај, владината Служба за општи и заеднички работи склучила два тендери во вредност од 450.000 евра. Имено, директорот на владината служба Ивица Томовски склучил договор за набавка на риба, месо и сувомеснати производи во вредност од 11.8 милиони денари. Вториот договор кој го склучила владината служба е за хотелско сместување на функционерите и истиот е во вредност од 16.5 милиони денари.

Скапиот пиар на власта и нејзините медиумски гласници дека Македонија е четврта економска сила не може да ги нахрани гладните работници. Во услови кога граѓаните масовно се иселуваат поради економската беда, очигледно е дека приоритет на оваа десничарска власт е да ги дозбогати компаниите кои се блиски до нив, чии милионски профити во континутет драстично растат, додека платите на работниците стагнираат, стои во соопштението на партијата на Димитар Апасиев.

Слични содржини