Левичарот Густаво Петро избран за нов претседател на Колумбија

од Stefanija Kuzmanovska

Левичарот Густаво Петро, ​​поранешен градоначалник на Богота и поранешен герилски борец, победи на претседателските избори во Колумбија.

Врз основа на речиси сите преброени гласови, Петро освоил 50,48 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат, градежниот магнат и десничар Родолфо Хернандез добил 47,26 отсто, пренесува АП.

Густаво Петро (62), кој е актуелен сенатор и поранешен член на бунтовничката организација М-19, стана првиот левичарски претседател на Колумбија.

Слични содржини