Левински откри како го завелa Клинтон: Му ги покажав гаќичките

од desk2

Моника Левински признала во новиот документарец дека уште во првите денови во Белата куќа се заљубила во тогашниот претседател Бил Клинтон, па често кокетирала со него, еднаш дури и му ја покажала долната облека, за да му го привлече вниманието.

Taa се потсетила во документарната серија „Аферата Клинтон“ дека за време на некоја роденденска забава на еден од вработените во Белата куќа, во 1995 година, на која присуствувал и Бил Клинтон, Левински забележала дека гаќичките и` ѕиркаат од пантолоните.

„Наместо да ги повлечам пантолоните нагоре, како што вообичаено би ги повлекла, јас не направив ништо. Моите гаќички не ги виде никој во просторијата, освен Клинтон“ рекла таа.

„Додека поминував покрај канцеларијата на Џорџ Стефанопулос, ѕирнав внатре. Бил стоеше таму и ми сигнализираше да влезам. Мислев дека е невозможно што срцето ми удираше толку брзо. Тогаш не го знаев тоа, но тогаш влегов во зајаќка дупка“ додала Левински.

Моника и Бил тогаш ја започнале долгогодишната врска која заврши со скандал.

„Секогаш сме разговарале за тајноста на таа врска. Бевме внимателни, но очигледно не доволно. Бев целосно препуштена на неговата милост и немилост“ рекла Левински.

Неодамна таа изјави дека би сакал да и` се извини лично на Хилари Клинтон, а дека Бил Клинтон никогаш не и` се извинил на неа.

Слични содржини