Левица: Бараме одговорност за енергетската криза од Ковачевски и Рамадани

од Nikola Popovski

Од „Левица“ бараат одговорност од директорите на МЕПСО и ЕСМ, Куштрим Рамадани и Васко Ковачески, за како што велат, лошата кадровска политика во енегетските компании и немање реална и спроведлива енергетска стратегија, поради што државата ќе се доведе до колапс, на што предупредувале уште минатата година.

-Недомаќинското трошење на водните ресурси, како и лошото менаџирање со ископите на јаглен, нѐ доведе до ситуација државата да се задолжува со речиси два милиони евра дневно за електрична енергија, која воедно БЕСПРАВНО се презема од системите на соседните земји, како што објави самиот директор на МЕПСО, поставен од ДУИ – Куштрим Рамадани. Поради ваквата ситуација на бесправно преземање електрична енергија, дозволивме да бидеме дисциплинирани од страна на Европската мрежа на систем оператори, како држава која го нарушува европскиот систем за пренос на електрична енергија, стои во реакцијата на Левица.

„Левица“ повторно акцентира дека за ваквата состојба во која се најде Република Македонија, виновниците имаат име и презиме и Владата не може да се амнестира, повикувајќи се на “лошата” хидролошка година, бидејќи хидроакумулациите не се испразнија со испарување на водата – туку со нестручно, несовесно и лукративно менаџирање на раководниот кадар поставен токму од Владата!“ соопшти „Левица“.

Оттаму прашуваат: Зошто Електрани на Македонија (ЕСМ) и директорот Васко Ковачевски не можат да произведат доволно струја за да ги задоволат потребите на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоме?

-Зошто АД МЕПСО не ги набавил кусоците на електрична енергија во системот, за кој и по закон е задолжен? Зошто АД МЕПСО не ја активирал ТЕЦ Неготино која е резерва за вакви случаеви на криза, а според законот е под негова надлежност и за тоа има финансиски издатоци спрема ТЕЦ Неготино како ладна резерва? Од каде ќе се обезбедат овие два милиони евра кои дневно се трошат со бесправно преземање на електрична енергија? Не дали, туку колку Владата ќе ја зголеми цената на електричната енергија за граѓаните, поради сопствената лоша кадровска политика во енергетските компании?, велат од партијата.

Слични содржини