Левица е против именувањето на улиците Славко Јаневски, 4-јули, Блаже Конески…

од Nikola Popovski

На вчерашната седница на град Скопје беше усвоена одлуката со која се менуваат имињата на 485 улици и 8 мостови, плоштади и други инфраструктурни објекти во градот. Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и од Фондацијата „Славко Јаневски“, ја поздравија одлуката, а против неа на седницата гласаше партијата Левица, поточно претставничката на партијата во Советот на Град Скопје, Драгана Велковска. Со ова, таа го занемари фактот дека нејзината партија како левичарска партија би требало да е идеолошки поблиска со социјалдемократите отколку со конзервативната десница предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Со вчерашната одлука на град Скопје, не само што се враќаат дел од имињата кои се идеолошки поврзани со НОБ и социјалистичкото минато Железничка, Стив Наумов, Салвадор Аљенде, 4 Јули, 29 Ноември, Бихаќка, Владимир Комаров, Руди Чајавец, Жарко Зрењанин, Ратко Митровиќ и други, туку се враќаат и познатите Ленинова, Водњанска, Драчевска кои се дел од колективната меморија на скопјани.

Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и најавуваат иницијатива по судски пат за да биде укината оваа противправна одлука на градоначалникот на Скопје.

„Воедно оваа одлука на Шилегов значи и минимум 100 евра нова давачка на компаниите чие име на адреса се менува согласно новите одлуки на Советот. Со тоа Шилегов во едни тешки услови на здравствена и економска криза наметнува нови давачки и арач за грѓаните. Ова е недозволиво насилие кое нема да помине“, соопшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Во однос на реакцијата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за наводни некакви законски пречки при промената на имињата на улиците, значи ние одлуката ја донесовме на 30-ти март, а изборите ако беа редовни ќе се одржеа околу 15-ти октомври“, вели градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов по обвинувањата од опозицијата.

Тој истакна дека тоа значи ќе поминат 6 месеци, по што ја повика „ВМРО-ДПМНЕ да научат основна математика, а ако не друго, барем да научат да бројат на прсти“.

 

Слични содржини