Левица го обвини Спасовски дека го „штител нерегуларното работење на станицата“ која вршела технички преглед на автобусот „Беса транс”

од Vladimir Zorba

Од Министерството за внатрешни работи и Оливер Спасовски нема коментар зошто станицата за технички преглед на компанијата „ВИА КОМЕРЦ Џемаљ“, во која бил регистриран автобусот кој изгоре во Бугарија на „Беса транс” и за која биле утврдени серија неправилности уште во август, добила решение за забрана на работата дури три дена по несреќата во ноември, се вели во соопштението на Левица.

Во станицата за технички преглед се констатирани неправилности во работата кои можат неминовно да допринесат до небезбедни возила на патиштата. Покрај нестручни лица кои ги извршуваат прегледите на возила, забележано е дека компанијата не води регистар на прегледани возила. Сепак, предлогот за забрана за работа на станицата министерот Оливер Спасовски не го потпишал, за на 5-ти октомври во станицата да пристигне автобусот, кој во ноември беше причина за ужасна трагедија, посочуваат од партијата на Апасиев.

„Криминалот на владејачките министри и раководители кои одлучуваат да држат предмети во фиока, народот го надоместува со изгубени животи. Во непроценливи размери чини злонамерното владеење на СДСМ, ДУИ и коалициските партнери. Секојдневните одлуки на владиниот кадар и севкупната владина политика, се опасни по животите и здравјето на граѓаните и повикуваат на народна самоодбрана на физичкиот интегритет на секој поединец“, додаваат, меѓу другото, од Левица.

Слични содржини