Левица: Изгласана предлог одлуката против висококатницата во Карпош, нов пораз на урбанистичката мафија

од Vladimir Zorba

На денешната седница на Советот на Општина Карпош на која не присуствуваа советниците од редовите на СДСМ и ГРОМ беше изгласана предлог одлуката против висококатницата во Карпош.

Со оваа одлука се задолжува Градоначалникот и соодветниот општински сектор да го стопираат издавањето на градежни дозволи и забрана за отпочнување на градба на просторот кој го опфаќа ДУП за Градска четврт З 05 Блок 08, како и изготвување на стручен елаборат за суспензија на применувањето за блок 08 од ДУП за градска четврт 3 05 помеѓу бул.Илинден, бул. 8 Септемри, бул.Партизански одреди и ул.Љубљанска, донесен со одлука на Совет 07-7546/4 од 06.11.2013, Општина Карпош со цел спроведување ревизија за истиот.

„Ова е нов пораз на урбанистичката мафија во Општина Карпош. Истовремено жалам што зад интересите на Карпошани не застанаа советниците од редовите на СДСМ и ГРОМ со што практично ги прекршија своите предизборни ветувања дека ќе работат во интересите на жителите на Општината.“ изјави координаторот на советничката група на Левица, Мартин Димоски.

Слични содржини