Левица: Kако може Протоколот да не е финализиран, кога е дел од францускиот предлог?

од Nikola Popovski

На денешната прес конференција, претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, кажа дека Протоколот не се објавува под изговор дека истиот не е финализиран и потпишан. Во Општиот став на ЕУ, кој се однесува на отворање на преговорите со Македонија, јасно се упатува на член 12 од Договорот со Бугарија и на Протоколот, кој шминкерски се нарекува Годишен извештај или преглед, велат од Левица преку соопштение.

Партијата истакнува дека „со други зборови протоколот е дел од францускиот предлог“.

-Имајќи го ова предвид, како може Протоколот да не е финализиран, кога истиот е дел од “францускиот” предлог? Или пак ако истиот навистина не е финализиран, тогаш како Собрание ќе одлучува по “францускиот” предлог кога дел од тој предлог е нефинализиран Протокол? Основна карактеристика на демократија се информирани граѓани и носење одлуки транспарентно врз основа на информации. Денешната прес-конференција е класична прес-конференција на автократски режим чија цел не е да информира, туку да ја манипулира јавноста и да шири дезинформации, истакнаа од Левица.

Слични содржини