Левица ќе „трча“ со Перо Камиказа за градоначалничката функција во Скопје

од Nikola Popovski

Откако познатиот басист на групата „Меморија“, Петар Георгиевски – Камиказа на својот Фејсбук профил објави статус со кој најави дека размислува да се кандидира за градоначалник на Град Скопје, денес беше споделено дека тој ќе биде поддржан од партијата Левица.

-Тргна работава. Нека е аирлија, напиша лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев, објавувајќи селфи со кандидатот за градоначалник.

Популарниот Камиказа пред два дена објави дека скоро во сите општини со мнозинско македонско население разликата помеѓу него и Петре Шилегов е речиси дупла во моја корист, но во немакедонското население скоро во целост односно 93% оди во корист на Петре Шилегов.

-Доколку вашата поддршка остане за мене како независен кандидат поддржан од ЛЕВИЦА со радост ќе го прифатам овој предизвик во кој ќе си ги жртвувам сопствениот мир и спокој . Ете тоа е она што сакав да ви го соопштам пред два дена. За жал друго решеније нема, ова е единствено“, напиша Георгиевски на Фејсбук.

 

Слични содржини