Левица: Коневски добил 200.000 денари од општина Кисела Вода

од Nikola Popovski

Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, кој важеше за близок соработник и адвокат на Сашо Мијалков, во последниве три месеци добил 200.000 денари од општина Кисела Вода и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, обвинија денеска од опозициската Левица.

Според партијата, „портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски и Стоилковски, претходно го обвинуваа Коневски дека одработува за СДСМ и поради тоа никогаш не излегол со јавна критика“.

-Самиот Стоилковски јавно тврдеше дека Коневски поседува стан во зградата на Мајчин дом и деловен простор од 350 м2. Токму партијата на градоначалникот Ѓорѓиевски изминатиот период тврдеше дека амнестирањето од кривичен прогон Коневски го добил поради неговиот молк против политиките на Заев. Всушност, Коневски беше еден од бившите функционери на ДПМНЕ кој тврдеше дека промената на името е завршена работа и неговата партијата треба да гледа кон иднината. Дали и за градоначалникот на Кисела Вода насилничката промена на државното име е завршена работа?, прашуваат од Левица.

Од партијата му порачуваат на Ѓорѓиевски доколку има потреба од адвокатски услуги, да вработи соодветно лице во општината, со што ќе се рационализираат трошоците на буџетот.

Слични содржини