Левица: Критична стапка на инфлацијата од 16%

од Nikola Popovski

Левица денеска обвини дека годишната стапка на инфлација изнесува критични 16% со тенденција да галопира и да се претвори во најопасната форма на инфлација, а тоа е троцифрена, или хиперинфлација.

Според опозициската партија, „Владата ништо не презема за да ги намали инфлаторните притисоци, а пред донесување на ребалансот ветуваше дека со неговото усвојување ќе започнат и антикризните мерки за кои има предвидено приближно 200 милиони евра“.

-Антикризни мерки беа потребни уште на почетокот на годината, но, ако не се воведат веднаш, безимотните, сиромашните и работниците нема да го издржат овој ценовен шок. Цените постојано се зголемуваат и јасно е дека со идни мерки тие нема да се намалат, соопштија меѓу другото од Левица.

Слични содржини