Левица: После 20 години ДУИ оди во опозиција

од Nikola Popovski

Денес на координативна средба политичките партии – ЛЕВИЦА, ВМРО-ДПМНЕ, АЛИЈАНСА, АЛТЕРНАТИВА и БЕСА договорија пад на Владата СДСМ-ДУИ. Конечно после 20 години ДУИ оди во опозиција, објави вечерва од партијата „Левица“.

Според нив, со обезбедување на потребното мнозинство во Собранието на Република Македонија, загарантирано е распуштање на Владата преку гласање на недоверба.

Овој договор, во ниеден случај не значи коалицирање, и е со единствена цел – да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ. Левица, и понатаму, односно и на идните парламентарни избори, ќе настапува самостојно како единствен политички претставник на македонската угнетена класа. За идните избори, и тоа кој и како ќе ги организира, претстојат понатамошни преговори во рамки на новото мнозинство, велат од Левица.

Слични содржини