Левица: Се очекуваат провокатори на протестите, наши членови не носат фантомки

од Nikola Popovski

Левица попладнево објави дека дошле до информации дека се очекуваат провокатори на вечерашните протести пред Влада.

-Благодарение на совесни вработени во службите, до нас пристигна информации дека власта има сериозни намери да вклучи провокатори во протестите. Се со цел да предизвикаат сериозни нарушувања на јавниот ред и мир за да ги оправдаат нивните полициско-репресивни активности и да се обесхрабри македонскиот народ да дојде да го изрази правото на протест против националните предавства, велат од опозициската партија.

Од таму додаваат дека членовите на Левица не носат фантомки, а секое лице кое во таква форма ќе биде забележано ќе биде изолирано и нема да му се даде поддршка во неговите активности.

Слични содржини