Левица: Во јули поскапување на струјата од минимум 10 отсто

од Nikola Popovski

Левица смета дека во јули ќе имаме поскапување на струјата за 10 проценти.

-Во јули чека уште едно поскапување од минимум 10 отсто на сегашната цена. До крајот на годината неизвесно е дали ќе има ново поскапување директно на сметките на граѓаните, или пак власта ќе премине на проверената тактика на субвенционирање од буџет на енергетските компании, велат од партијата.

Од опозициската партија нудат реални и издржливи решенија за долгорочен излез од оваа криза.

-Проектот „народни електрани” и изградба на Чебрен и Галиште од буџетски средства, како и редица други активности, дава реална шанса за долгорочно решавање со недостатокот на електрична енергија, стои во партиското соопштение.

Слични содржини