Левица со кривична против началник и инспектор од СВР Битола

од Vladimir Zorba

Левица поднесе кривична пријава против Началникот Бенито Јошевски и инспекторот Никола Марковски од СВР Битола поради, како што велат, „инцидентите од Мечкин камен“.

„Јошевски и Марковски, насилнички им ги одзедоа транспарентите на активистите на Левица и со тоа извршија кривично дело “Повреда на рамноправноста на граѓаните” по член 137, ст. 2 од Кривичниот законик. На транспарентите пишуваше: Стоп за бугаризацијата; и Предавници фашисти, клети врховисти“, велат од партијата на Апасиев и додаваат:

„На територијата на државата непрестајно никнуваат здруженија со имиња на фашистички државници и сродни соработници, токму за остварувањето на неофашистичката агенда“.

Во име на МВР, Оливер Спасовски, јавно изјави дека за инцидентите не може да се постапи додека нема пријава. Затоа, очекуваме институциите да постапат согласно законите и оваа кривичната пријава да биде процесуирана, истакнуваат, мешу другото, од Левица.

Слични содржини