Левица бара Тупанчевски да го разреши директорот на „Шутка“ поради „злоупотреба на затворската полиција“

од Nikola Popovski

Партијата Левица бара од министерот за правда Никола Тупанчески да го разреши директорот на затворот „Скопје“ Филип Андонов и да испита кои се лицата кои, како што тврдат, „малтретираа и се закануваа на активисти на Левица“ и неовластено барале да се легитимираат на вчерашната прослава на Илинден во Крушево.

-Нашиот истакнат член на Централен Комитет, Игор Смилев беше малтретиран од затворската полиција под директива на Андонов. Членовите на Левица побараа прво насилниците да покажат легитимитација, кои продолжија со навреди и закани. Сето ова кулминираше со физичко насилство, при што нашиот Смилев беше турнат на земја! Ангажирање на затворска полиција за јавни настани е директно прекршување на законските прописи, со што истата се злоупотребува за тесно партиски интереси, велат од опозициската партија.

Слични содржини