Левица: Владата се обидува да ја приватизира брзата помош

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче, преку навидум бенигни измени на Законот за здравствена заштита, предложени по скратена постапка, денес – во Собранието на РМ – ќе се обиде да го протурка енормно штетниот план за отворање можност за приватизација на брзата помош и трансплантацијата на човечки органи, соопштуваат од Левица.

Од партијата на Апасиев велат дека „застануваат одлучно против внесувањето на профитната бизнис логика во јавното здравство“.

– За нас здравјето е политичко прашање од највисок приоритет и тоа не смее да биде третирано како додаток на луксузот, кое ќе биде достапно само за богатите, а недостапно за сите останати, велат оттаму.

За таа цел двајцата пратеници на Левица во Собранието на Комисијата за здравство поднеле над 1.200 амандмани со цел да го спречат донесувањето на овој закон.

-Бараме отворање јавна расправа за ова круцијално прашање кое е во интерес на сите граѓани и итно повлекување на овој штетен закон од собраниска процедура, истакнуваат од Левица.

Слични содржини