Левица: Власта и опозицијата го одбија предлогот за намалување на патните трошоци на пратениците

од Nikola Popovski

Партијата Левица денеска информира дека пратениците одбиле да го стават на дневен ред, предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пратениците.

-Измените, предложени од нашите пратеници Димитар Апасиев и Борислав Крмов, предвидуваат намалување на патните трошоци за пратениците во Собранието. Левица предложи промена во членот 31, каде наместо досегашните 20% од продажната цена на еден литар гориво, пратениците да добиваат надоместок до максимум 5%, со што надоместокот практично се сведува на вредност од автобуски билет, стои во соопштението на партијата.

На поднесеното барање за оваа точка да биде ставена на дневен ред, од присутните 108 пратеници на вчерашната седница, само 19 пратеници гласале ЗА.

-Намалувањето на патните трошоци се тема сензитивна за јавноста, а граѓаните уште од поодамна го имаат ова барање. Патем, ова прашање е ветување кое речиси го има во програмите на сите политички парти, но, во пракса, никој досега од нив не се заложил за ова, особено не владејачките СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, додаваат од Левица.

Слични содржини