Левица: Во Општина Ѓорче новата година започна со набавка на пијалоци и чоколади во вредност од речеиси 6.000 евра

од Vladimir Zorba

„Мантрата „презадолжена општина со наследени долгови“ која редовно ја слушаме од страна на ВМРО-ДПМНЕ, очигледно се користи за заобиколување на проектите со кои би се решиле бројните проблеми на жителите на општина Ѓорче Петров“, соопштија од Левица.

Луксузирањето со народните пари не престанува ниту по промената на локалната власт. 2021-та година се заокружи со набавка на два апарати за топли напитоци во вредност од 118.000 денари, а 2022-та година започна со набавка на разни сокови, чаеви, кафиња, чоколади, кроасани во вредност од 354.000 денари.

Во Буџетот за 2022 година се предвидени средства за бројни непродуктивни трошоци, а за дел од нив, советниците од редовите на Левица предложија пренамена за: подобрување на квалитетот на бесплатните ужинки на учениците во прво одделение, поставување на урбана опрема (клупи, корпи за џебен отпад, чешми итн.), како и претходно поднесена иницијатива за отворање на дневен центар за деца и лица со попреченост. Но, истите беа одбиени од бесмислени причини.

Сепак, ги охрабруваме граѓаните нивните предлози и локални проблеми да ги споделат со нас, а ние ќе инсистираме на остварување и решавање на истите преку пренамена на средствата кои се планирани за ваков тип расфрлања“, велат од партијата на Апасиев.

Слични содржини