Либанка се породила среде експлозијата во Бејрут (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Емануел се подготвувала да се породи во болницата „Сент Џорџ“ во Бејрут кога експлозијата го потресе либанскиот главен град.

Нејзиниот сопруг Едмонд сето тоа го снимил на камера.

Како што рече, тие влегле во собата додека лекарите и медицинските сестри се подготвувале да ја префрлат на кревет.

„Траеше околу 20 секунди, слушнавме звук и предметите почнаа да се тресат и паѓаат“, изјави Едмонд за Би-Би-Си.

Експлозијата го уништи породилното одделение во болницата.

Како што изјавил за Би-Би-Си, Едмонд тогаш ја барал неговата сопруга во болницата бидејќи таванот паднал од експлозијата и стравувал дека таа или бебето се повредени.

„Беше целата прекриена со стакло, прво се обидов неа да ја извлечам. Го извлеков креветот напред и почнав да им помагам на лекарите и медицинските сестри“, рече сопругот на Емануел.

Тој додаде дека неговата сопруга била во шок, бидејќи во болницата немало лекови, туку таа се породила на „стариот начин“.

Околу час и половина по експлозијата, Емануел го родила синот Џорџ.

И мајката и бебето се чувствуваат добро и покрај ужасниот момент.

По експлозијата, на социјалните мрежи споделуваа фотографии и медицинските сестри кои успеале да спасат три новороденчња во Бејрут во болницата која се разрушила.

Слични содржини