Либанските лидери две недели пред експлозијата во Бејрут биле предупредени за безбедносниот ризик

од Vladimir Zorba

Либанските безбедносни претставници ги предупредиле премиерот и претседателот минатиот месец дека 2.750 тони амониум нитрат, кои биле складирани во пристаништето во Бејрут, претставуваат безбедносен ризик и може да го уништат градот во случај на експлозија, дознава Ројтерс.

Нешто повеќе од две недели подоцна, на 4 август, се случи експлозија во која загинаа повеќе од 163 лица, повредени се повеќе од 6.000 и оштетени се околу 6.000 згради.

Ројтерс наведува дека имале увид во извештајот на Генералниот директорат за државна безбедност за настаните што довеле до експлозија, а во кое било привлечено внимание на писмото испратено до претседателот Мишел Аун и премиерот Хасан Диаб на 20 јули.

Иако содржината на писмото не беше во извештајот, еден висок либански службеник за безбедност изјави дека писмото ги сумирало наодите од судската истрага започната во јануари, во која се заклучува дека хемикалиите треба да бидат обезбедени веднаш.

Либанската влада вчера поднесе оставка, по масовните протести што уследија по катастрофалната експлозија во Бејрут минатата недела.

Штетата предизвикана од експлозијата се проценува на 15 милијарди долари.

Слични содржини