Либија: Илјадници барели нафта се излеваат поради пукањето на нафтоводот

од Stefanija Kuzmanovska
280 прегледи

Илјадници барели нафта се излеваат во пустината по пукањето на нафтоводот во Либија, додека работниците се обидуваат да го спречат истекувањето, соопштија денеска властите.

Станува збор за нафтовод што го поврзува нафтеното поле Сарир со терминалот во Тобрук.

Арапската нафтена компанија „Голф оил“, која управува со гасоводот, проценува дека дневно се излеваат околу 22.000 барели поради истекувањето кое започна во вторникот, пренесува АП.

 

Фото: Financial Times

Слични содржини