Лидер на Талибанците со години бил мачен во Гвантанамо?

од Stefanija Kuzmanovska

Еден од талибанските лидери за време на победничкиот говор во претседателската палата во Кабул, откако бунтовниците ја прогласија Исламската држава Авганистан, изјави дека поминал осум години во американскиот затвор Гвантанамо.

Претседателот на Авганистан ја напушти земјата заедно со илјадници жители во масовен егзодус.

Талибанските борци маршираа во античката палата во неделата барајќи „мирно предавање на власта“, бидејќи главниот град потона во хаос, а американските хеликоптери ги евакуираа своите дипломати од амбасадата, создавајќи сцени слични на оние од падот на Сајгон во 1975 година по Виетнамска војна.

Еден од исламските борци кој седна на претседателската маса за време на неговото обраќање до медиумите изјави дека бил затвореник во Гвантанамо, Куба, пренесува „Дејли Меил“.

Да потсетиме, овој затвор го отвори Џорџ Буш во 2002 година, а осомничените терористи беа затворени и мачени во него без судење. Во 2018 година, Доналд Трамп потпиша извршна наредба  Гвантанамо да биде трајно отворен, но администрацијата на Бајден се заколна во февруари оваа година дека ќе го затвори.

Слични содржини