Лидерите на ЕУ без конечна одлука за ограничување на цената на гасот во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерите на Европската унија во петокот наутро завршија уште една дебата за одговорот на блокот на енергетската криза без договор за ограничување на цените на гасот, објави „Ројтерс“.

„Ројтерс“ наведува дека ЕУ се бори со високите цени на енергијата кои ја поттикнуваат инфлацијата и ја зголемуваат можноста за рецесија на целиот континент, а ситуацијата дополнително се влошува со фактот што Русија го намали протокот на гас по инвазијата на Украина.

Покрај тоа, 27 земји веќе се согласија да ги наполнат складиштата за гас, но и да им помогнат на потрошувачите на кои им е се потешко да ги платат сметките. На самитот што започна во четвртокот во Брисел и траеше доцна во ноќта, лидерите на ЕУ ги поддржаа предлозите изнесени од Европската комисија оваа недела за започнување алтернативен одредница за течен природен гас и доброволно заедничко купување гас, иако за тоа ќе биде потребно законодавство за кое треба да се преговара во наредните недели.

Сепак, по неколкунеделни преговори меѓу лидерите на земјите од ЕУ, министрите и дипломатите на оваа тема, не беше донесена конечна одлука за ограничување на цената на гасот во ЕУ.

„Сега имаме многу добар и солиден план да продолжиме да работиме на темата за цените на енергијата“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Слични содржини