Лидерите на ЕУ сакаат месецов да основаат фонд за обнова на Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерите на ЕУ работат на формирање фонд за обнова на Украина на 30 мај, но се уште не е јасно како тој ќе се финансира.

„Треба да се воспостави платформа за обнова на Украина која ќе ги собере на едно место украинската влада, земјите-членки на ЕУ, како и партнерите, финансиските институции и организации“, се заклучува во нацрт-заклучоците, пренесува „Ројтерс“.

Европската комисија во средата предложи да се воспостави механизам на грантови и заеми со неодредена големина под називот „Обнова на Украина“, по моделот на постоечкиот Фонд за закрепнување на ЕУ, кој земјите-членки заеднички го позајмија на пазарот.

Слични содржини