Лидерите од Западен Балкан со лидерите на ЕУ во Брисел на 23. јуни

од Nikola Popovski

Лидерите на Европската унија (ЕУ) и земјите од Западен Балкан ќе се сретнат во Брисел на 23 јуни пред почетокот на Самитот на лидерите на ЕУ, јавува „Anadolu Agency“ (AA).

Европскиот совет соопшти дека лидерите на шесте земји од Западен Балкан биле поканети во Брисел на првиот ден од самитот на лидерите на ЕУ на 23-ти и 24-ти јуни.

Најавено е дека лидерите на ЕУ ќе се сретнат со лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија пред почетокот на самитот.

Раководството на ЕУ придава стратешко значење на Западен Балкан и сака земјите од регионот да дејствуваат во согласност со европските насоки во нивните надворешни политики, особено кон Русија.

Високиот комесар за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, неодамна се сретна со своите колеги од Западен Балкан како дел од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел и рече дека одржувањето блиски односи со Русија повеќе не е компатибилно со идејата за изградба на заедничка иднина со ЕУ.

На последниот самит ЕУ-Западен Балкан, одржан на 6 октомври 2021 година, ЕУ усвои „Економски и инвестициски план“ вреден 30 милијарди евра за регионот во следните седум години.

Слични содржини