Лидерот на Хамас прогласи победа во неодамнешните непријателства со Израел

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерот на палестинскиот екстремистички Хамас, Исмаил Ханиje, прогласи победа во неодамнешните непријателства со Израел и рече дека тоа ќе има поголемо влијание врз односот на регионот со еврејската држава.

Тој рече дека е уништен проектот „соживот со Израел“ или „нормализирање на односите со Израел“ и дека Хамас ќе има поголема регионална поддршка по 11-дневниот конфликт, пренесува Times of Israel.

Ханијe изрази очекување дека неговото движење ќе може да добие поголема поддршка по неодамнешните борби и најави уште многу дипломатски контакти и успех во наредниот период.

„Видовме како нашата нација се буди да застане зад Ерусалим, Палестина и отпорот“, рече Ханиjе.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека израелската операција во Газа е успешна и дека му нанела штета на Хамас.

Примирјето меѓу Израел и Хамас започна утрово во 2 часот по локално време.

Слични содржини