Лидерот на ЛНР е отпуштен од болница по обидот за атентат

од Vladimir Zorba

1470575516-1r32

Состојбата на Игор Плотницкиј се подобри.

Шефот на самопрогласена Луганска народна република (ЛНР) Игор Плотницкиј, врз кого беше извршен атентат, е отпуштен од регионалната болница, пренесува Интерфакс, повикувајќи се на извор.

“Состојбата на шефот на републиката се подобри, лекарите се одлучија за амбулантски режим на лекување”, изјави изворот.

Тој соопшти дека Плотницкиј може да се врати на работа во наредните денови “, побрзо, дури во понеделник”.

Атентатот над Плотницкиј беше извршено – утрото на 6 август. Неговиот автомобил беше погоден по активирањето на поставена експлозивна направа на патот во Луганск. Лидерот на ЛНР беше повреден и хоспитализиран.

Медицински извори соопштија дека Плотницкиј се здобил со тешки повреди и дека се погодени витални органи. Од раководството на ЛНР сепак ја негираа таквата состојбата на повредениот и оценија дека е стабилна.

Вчера доцна во сајтот на шефот на ЛНР беше објавено аудио порака на Плотницкиј, во која тој вели дека “ништо сериозно не се случило”, и вети наскоро дека ќе се врати на работа.

Слични содржини