Лидерот на ЛНР: Контролираме третина од Северодонецк

од Stefanija Kuzmanovska

Една третина од Северодонецк е под контрола на руските сили, изјави лидерот на самопрогласената Луганска народна република (ЛНР), Леонид Пашечник, во интервју за руската новинска агенција ТАСС.

„Можеме да кажеме дека една третина од градот е веќе под наша контрола“, тврди Пашечник.

Како што наведе, битките во моментов се водат во градското подрачје, така што напредокот е побавен отколку што сакаат, но нивната намера е пред се да ја зачуваат градската инфраструктура.

Слични содржини