Лидерот на партизаните му порача на Путин: „Работите ќе се вжештат“

од Stefanija Kuzmanovska

Групата која тврди дека стои зад неодамнешниот напад во рускиот пограничен регион Белгород, рече дека во иднина ќе изврши нови упади на руска територија.

„Повторно ќе се видиме на руската страна. Не можам да откријам какви работи доаѓаат, не можам ниту да ја откријам насоката“, рече Денис Капустин (познат и како Денис Никитин), командант на Рускиот волонтерски корпус.

„Границата е прилично долга, но сепак ќе има места каде што работите ќе се вжештуваат“, рече Капустин.

Тој рече дека неговите борци против Путин држеле „околу 42 квадратни километри“ од руската територија долго време.

„Ние се бориме за слобода, се бориме против неправдата, затоа, се бориме против тортурата, се бориме против ужасните акти на полициска бруталност“, додаде Капустин, а пренесува SkyNews.

Русија првично ја обвини Украина за овој напад на руска територија, наведувајќи дека околу 70 напаѓачи биле убиени или одбиени. Капустин ги негираше тие информации, наведувајќи дека двајца нивни борци се полесно повредени, двајца загинале, а уште 10 се ранети.

Слични содржини