Лидерот на проруската опозиција во Украина обвинет за велепредавство

од Stefanija Kuzmanovska

Апелациониот суд во Киев го остави на сила домашниот притвор за лидерот на украинската партија „Опозициска платформа – за живот“, Виктор Медведчук.

Судот одби да го ослободи Медведчук, чие ослободување го гарантираа 26 членови на Врховната Рада од редовите на партијата „Опозициска платформа – за живот“. Се наведува дека одлуката е конечна и дека нема право на жалба.

Апелациониот суд во Киев ги разгледа жалбите на одбраната и обвинителот во врска со мерката куќен притвор што претходно му беше изречена на лидерот на проруската опозиција во Украина. Адвокатите побараа укинување на мерката притвор, а обвинителите инсистираа на притвор со можност за плаќање кауција од над 10 милиони долари.

На 11 мај, главниот обвинител на Украина, Ирина Венедиктова, објави дека Медведчук и неговиот партиски колега Тарас Козак се осомничени за велепредавство и проневера на национални ресурси на Крим.

На 13 мај, судот во Киев му одреди на Медведечук мерка домашен притвор. Тој ги негираше сите обвинувања, оценувајќи дека станува збор за политички прогон.

Слични содржини